MaYa
MoUse е најнова појава на македонската музичка електронска сцена.
MaYa е девојка од Скопје и живее во урбана населба, во истото сивило на градот
како и сите ние - урбаната џунгла, во средина која е нешто секојдневно за
нас, но која нејзе и служи за инспирација.
Растела слушајќи музика од punk-ot и post-punk-ot и упорно одбегнувала да
не си ги загади ушите со турбо-фолкот, што претставувале почетна инспирација
да помине години минати во свирење бас гитара во punk, а потоа и rock бендови,
со кои има остварено осум локални настапи.
Влијанијата од култните филмови како и електронските и рок состави од периодот
на минатата деценија, се основа врз која се гради музиката на MaYa Mouse,
и допринесоа таа да стане комплетен музичар, кој на лесен начин го наоѓа својот
израз и уште полесно се искажува во таа смисла. Секако, како ретко која девојка
знае да смени сијалица, прегорен бушон и да спои модем со телефонска линија
што и дава доволно право електрониката да не и е туѓа.
Одејќи по линијата, никогаш да не помине ниту во радикалниот андерграунд ниту
во ортодоксниот поп, MaYa го гради својот оригинален музички израз кој што
е во потполност на она што таа го живее, гледа и слуша.
Бидејќи е комплетен автор на својата музика, која ја создава во својата соба
на својот компјутер, некако спонтано дојде до одлука, на јавноста да се претставува
само со својата музика без да се експонира како некаква поп или рок икона.
MaYa како лик ќе биде онолку присутна во јавноста само колку да се наслути
дека сепак се работи за жив автор, а не дека е во прашање некаков супер-компјутер
кој емулира виртуелен музичар.
Личноста и егото се повлекуваат на сметка на креативноста - концепт кој досега
само неколкумина во светот го направија, за жал не и политичарите. Оваа идеја
кај MaYa дојде спонтано, а не како матрица од овој редок пристап кон публиката.
MaYa (ќе) има своја web страница преку која ќе контактира со публиката и медиумите,
па дури и Live Broadcasting преку интернет, а во иднина не се исклучени и
настапи на сцена, но акцентот ќе се стави врз виртуелната, интернет комуникација,
која пак е дел и белег на нашето време.
Наскоро се очекува под етикатата на Litium Records да се појави нејзиниот
готов албум MaYa Mouse , во продукција на Горан Трајкоски, дизајн на о.Методиј
Златанов, фотографија Дарко Башевски, менаџер, нервирач и ко-продуцент Јанко
Илковски.
MaYa не е дел од ниедно движење, групација, сцена, субкултура и организирано
делување, општествено или културно.
Секој обид MaYa да се стави во било кои рамки го одбиваме како неосновано!
Љубовта кон музиката на Maya и го направи следново:
- прв јавен настап на 15 години
- басисита во punk и rock бенд
- се вработува во бифето на МКЦ и таму го прави првото интервју со Јован Колунџија
кое ја воведе во новинарските води
- како непоткупен музики новинар работеше во: Канал103, Студенски збор, Фокус,
Пулс
- во 1996 - го купи својот прв PC, а три месец подоцна купи нов маус
- 4 - 5 години работи како раководител во најголемата рекалмна агенција во
Македонија, а потоа го менува таборот
Во изаботката на албумот, MaYa MoUse досега има потрошено 5 мауса, два хард
диска, 9 килограми кафе, 5 пакувања прокулин капки за очи, 24 штеки цигари,
2 пара тренерки, еден дечко, 37 празни cd-а, неколку гајби пиво и сокови.
Во изработката на албумот доби: бела бланширана коса, двајца нови пријатели,
преку 500 обожаватели, невротичен менаџер, кул продуцент, продуховен дизајнер
и недефиниран директор на дискографска компанија.